Лукашенко порачува: „Нови избори само преку мене мртов“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во знак на револт поради цензурата и изборните резултати, вработените во државната телевизија на Белорусија се приклучија на генералниот штрајк на кој повика опозицијата како дел од протестот против победата на Александар Лукашенко на неодамнешните спорни претседателски избори.

Каналите емитуваа репризи откако вработените прекинаа со работа. Низ земјата деновиве се очекуваат и други штрајкови откако вчера десетици илјади луѓе излегоа на најголемиот протест во историјата на Белорусија, што навестува дека режимот на Лукашенко забрзано губи поддршка.

Тој денеска посети една фабрика за трактори, од каде што уште еднаш порача дека нема да прифати нови избори. „Веќе имавме избори. Освен ако не ме убијат, нови избори нема да има“, рекол Лукашенко пред работниците.

Претседателската кандидатка на опозицијата Светлана Тихановскаја, која пребегна во Литванија по изборите, изјави дека е подготвена да ја води нацијата како привремен лидер. Опозицијата повика на генерален штрајк од денеска, како нова фаза од протестот против режимот на Лукашенко и полициската бруталност.