Home Живот и здравје Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

ОВА КРВНА ГРУПА Е ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Вашата крвна група влијае на многу аспекти од здравјето – од склоноста кон одредени болести, до здравјето на срцето.

Знаењето на сопствената крвна група не е важно само во итни медицински ситуации, туку може да открие и какви болести можеби ви се закануваат, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Иако крвната група не е единствениот фактор, таа може да биде показател за тоа како вашето тело реагира на воспаленија и проблеми со циркулацијата.

ШТО ОТКРИВА КРВНАТА ГРУПА ЗА ТЕЛОТО

Буквите A, B и O претставуваат различни алели на генот ABO, кој ја одредува присутноста на антигени на црвените крвни клетки. Така се формираат крвните групи: A, B, AB и O. На пример, лице со крвна група AB има и A и B антигени, додека лицата со група O воопшто немаат антигени. Крвта дополнително се означува како позитивна или негативна, во зависност од присуството на протеини на површината на крвните клетки.

Зошто постојат различни крвни групи? Научниците сè уште немаат конечен одговор, но се верува дека наследството и претходни инфекции кои го обликувале имуниот систем играат голема улога. На пример, лица со група O се почувствителни на колера, додека оние со група A или B често имаат зголемена склоност кон згрутчување на крвта. На некој начин, крвната група е доказ на еволуцијата на нашето тело и прилагодувањето на околината.

КРВНИТЕ ГРУПИ СО ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Според Американското здружение за кардиологија, лица со крвни групи A, B и AB имаат нешто повисок ризик од срцев удар или срцева слабост во споредба со лицата со група O.

– Ризикот од срцев удар е зголемен за околу 8%

– Ризикот од срцева слабост е повисок за околу 10%

Освен тоа, разликите во способноста за згрутчување на крвта се значителни: лицата со група A или B имаат 51% повисок ризик од венска тромбоза и 47% поголем ризик од белодробна емболија. Овие нарушувања дополнително ја зголемуваат можноста за срцеви заболувања. Веројатна причина е воспалението – кај лицата со A и B група, одредени протеини може да предизвикаат стеснување на вените и артериите, што го зголемува ризикот од тромбоза и кардиоваскуларни проблеми.

Интересно е што ова може да ја објасни и помалата застапеност на сериозни инфекции од КОВИД-19 кај лицата со група O.

ДРУГИ ПОСЛЕДИЦИ ОД КРВНАТА ГРУПА

Лицата со крвна група O имаат нешто намален ризик од срцеви заболувања и проблеми со згрутчување, но се поизложени на крвавење и хеморагија, особено по породување. Научни истражувања покажуваат и дека лицата со AB група може да имаат повисок ризик од когнитивен пад, вклучувајќи проблеми со меморијата, концентрацијата и донесувањето одлуки.

ТРЕБА ЛИ ДА СЕ МЕНУВА ЖИВОТНИОТ СТИЛ СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА?

Иако крвната група може да влијае врз ризикот од срцеви заболувања, клучните фактори што влијаат на здравјето остануваат: правилна исхрана, физичка активност и избегнување загадување. Не постои диета или начин на живот специјално создаден според крвната група, но здравите навики го намалуваат воспалението и го заштитуваат срцето – без разлика дали сте A, B, AB или O.

Идните истражувања најверојатно ќе понудат по прецизни насоки за тоа како медицината може да ја користи крвната група во превенција и третман. Но до тогаш – грижата за срцето останува универзален луксуз што секој може да си го дозволи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Три ретки, но сериозни несакани ефекти од витамин Б12

Зошто витаминот Б12 е толку важен? Иако витаминот Б12 најчесто се смета за безбеден сојузн…