Home Љубов и секс Љубов според правила: што кога ќе стивне страста?

Љубов според правила: што кога ќе стивне страста?

Конечна анализа

Добро е да го анализирате вашиот заеднички живот и да се сетите на моментот кога за првпат се јавија предупредувачките знаци – кога започнавте да го губите интересот еден за друг во спалната соба. Секојдневието, монотон сексуален живот, стари недоразбирања или едноставен замор – важно е да сфатите кога почнавте да избегнувате интимност, повикувајќи се на главоболка или болка во стапалото. Можеби вашата интимност се оладила поради конкретна причина. Вреди да се разговара за тоа – и можно е сè да се врати во нормала.

Промена на сценариото

Добро е познато дека сексот треба да биде не само редовен, туку и разновиден. За да ја освежите вашата врска, понекогаш е доволно да го промените амбиентот, да осмислите сценарио на игра или да се впуштите во нешто поекстремно… да користите маски или пак секс играчки. На крајот, пробајте само да смените изглед и гардероба. Инаку, за да ја разгорите страста, не мора да изнајмите луксузен апартман – можете едноставно да ја преуредите вашата спална соба и да и дадете поромантичен изглед.

Игра на симулација

Психолозите велат дека она што го посакувате треба да го визуелизирате – така полесно ќе се претвори во реалност. Сетете се на чувствата што сте ги имале кон партнерот порано, на мислите за него, на некои важни заеднички моменти, гестови и зборови – пред вашиот сексуален живот да стане досаден. Обидете се повторно да се однесувате како тогаш, изгледајте заводливо, користете го парфемот што секогаш му се допаѓал. Замислете го првиот состанок во ресторан, романтичното патување – препуштете се на тоа чувство и уверливата имитација многу брзо ќе даде резултати.

Разбивање на стереотипите

Кога врската се лади, првото и најдобро нешто што може да го направите е да се откажете од старите навики. Кога станува збор за сексуалниот живот, конзервативноста нема место. Дозволете си да излезете од вообичаените рамки, експериментирајте, реализирајте некои од вашите најлуда фантазии – дури и ситници, како музика во позадина, нови пози или секс играчки, можат да направат чуда за интимниот живот. Најважно е да не го исплашите партнерот во желбата за новини – и никогаш да не заборавите дека страста во врска е како лизгалиште: понекогаш се оди надолу, но потоа повторно нагоре. Само не седете со скрстени раце чекајќи нешто да се промени само од себе – ако се вложите, медениот месец може да трае засекогаш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…