ЛУБЕНИЦА + ФЕТА = СОВРШЕНА ЛЕТНА ЗАМКА? ЕВЕ ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ОВАА КОМБИНАЦИЈА
Летните клише теми ни се добро познати: мирис на сол во косата, песок кој се лепи за марама, и нормално – оној безвременски тањир со парчиња слатка, сочна лубеница и коцки солена фета.
Комбинација што не потсетува на летни вечери на тераса, на Грција и Медитеран. Но, колку и да делува невино и освежително, оваа традиционална двојка може да се покаже како причинител на нешто помалку пријатно – подуеност и тежина во стомакот.
ЛУБЕНИЦАТА – КРАЛИЦА НА ЛЕТОТО
Никој не ја доведува во прашање нејзината репутација: со над 90% вода и многу малку калории, лубеницата е вистински еликсир за хидратација и најдобар пријател на витката линија. Сепак, секое парче крие природни шеќери – пред сè фруктоза. Кога се внесува во поголеми количини или се комбинира со “незгодни” намирници, фруктозата може да предизвика осцилации на шеќерот во крвта, подуеност и варење кое не е баш лесно. Така што иако освежува, лубеницата понекогаш може да предизвика и задржување на течности.
ФЕТА – СОЛЕНА КЛАСИКА СО СКРИЕНА СТРАНА
Слатко и солено во еден залак – тоа е магијата на лубеницата со фета. Но, зад таа совршена рамнотежа на вкусови се крие фактот дека фета е еден од најсолените сирења. Веќе 30–40 грама може да содржат над 300 милиграми натриум, доволни за телото да почне да ја „заклучува“ водата во себе. Резултатот? Отоци, чувство на тежина и непријатност, особено во жешки денови.
ЗОШТО ОВАА КОМБИНАЦИЈА ПОНЕКОГАШ ПРЕДИЗВИКУВА ПРОБЛЕМ?
- Задржување на течности – солта од фета го тера телото да ја задржи водата, наместо да ја исфрли, предизвикувајќи оток на прсти, нозе и лице.
- Потешко варење – комбинацијата од фруктоза од лубеницата и маснотијата од сирењето го забавува варењето, па стомакот може да стане „балон“.
- Лажна хидратација – иако мислите дека се хидрирате преку лубеницата, солта од фета ја блокира нормалната елиминација на течностите. Телото се чувствува „полнo со вода“, а вие – жедни и изморени.
ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ КРАЈ ЗА ОМИЛЕНАТА ЛЕТНА КОМБИНАЦИЈА?
Секако дека не! Лубеница и фета не се непријатели, само треба малку баланс. Повремена и умерена порција нема да направи проблем, особено ако остатокот од денот не е исполнет со солена храна. Проблемот настанува кога ќе се претерува – големи кришки лубеница со премногу фета, доцна навечер, често завршуваат со подуен стомак и чувство на непријатност при будење.
КАКО ДА УЖИВАТЕ, А ДА ГИ ИЗБЕГНЕТЕ НЕСАКАНИТЕ ЕФЕКТИ?
- Заменете ја фетата со поблаги млечни производи, како свежо сирење или грчки јогурт.
- Додадете малку нане или неколку капки лимета – освежување без сол и дополнителни калории.
- Внимавајте на остатокот од менито – ако веќе имавте солени оброци во текот на денот, прескокнете ја фетата со лубеница.
Зашто, на крајот од денот, летото треба да биде лесно, забавно и ослободувачко – а не обременето со чувства на подуеност.