
Како што пренесуваат светските медиуми, Лорен Санчез планира да промени дури 27 различни аутфити за време на викендот на нејзината свадба.
Свадбениот викенд на Лорен Санчез и Џеф Безос и официјално започна во Венеција, а нивното прво појавување веднаш привлече огромно внимание. Во четвртокот навечер, на ексклузивната вечера за добредојде со гостите, Лорен се појави во кутюр фустан со потпис на Даниел Роузбери за престижната модна куќа Schiaparelli.
Фустанот е дел од колекцијата пролет/лето 2025 насловена „Икар“, инспириран од легендарниот мит за Икар и Дедал. Станува збор за луксузен сатенски модел со откриени раменици, во шампањ нијанса, украсен со рачно везени цветни елементи во ирисирачки тонови на сина, зелена и златна боја. Највпечатлив детаљ беше златната корсетна конструкција, скулптурална по форма, која го истакнуваше нејзиниот струк и ѝ додадe драматичен уметнички карактер на силуетата.
Фустанот бил толку тесен, што Џеф Безос ѝ држеше рака на Лорен додека влегуваа во чамецот кој ги однесе до местото на вечерата, во близина на црквата Мадона дел Орто.
Лорен го надополни изгледот со златни салонки, елегантно збиена конска опашка со неколку нежни прамени околу лицето, и впечатливи дијамантски обетки.
Имајќи предвид дека се шпекулира оти целата свадба ќе чини повеќе од 48 милиони долари, цената на овој кутюр фустан официјално не е објавена, но со сигурност е во склад со ексклузивниот буџет.
Медиумите пишуваат дека Лорен Санчез планира да носи дури 27 различни стајлинзи за време на гламурозниот викенд — а ако овој прв изглед е само најава, нѐ очекуваат вистински модни уживања.