Home Вебкафе Лизгање по каналите: Студот ја тресе Европа, а на Амстердамци не им е гајле (видео)

Лизгање по каналите: Студот ја тресе Европа, а на Амстердамци не им е гајле (видео)

Додека многумина не само што не можат да најдат позитивна страна во студениот бран и опасно ниските температури кои ја тресат Европа изминатиов период, граѓаните на Амстердам најдоа начин се забавуваат и во такви услови, користејќи ги замрзнатите канали за лизгање и забава.

Каналите се целосно замрзнати поради екстремно ниските температури, па луѓето ги користат како лизгалишта. Ова е прв пат да се случи ова во последните шест години.

Сепак, не е се така розово и во Амстердам. Локалните медиуми известија дека двајца лизгачи завршија во болница откако се обиделе да се лизгаат на мраз кој не бил доволно цврст да ја издржи нивната тежина, па пропаднале во ладната вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…