Home Мода и убавина Лежерни летни комбинации со кои жештините полесно се поднесуваат

Лежерни летни комбинации со кои жештините полесно се поднесуваат

Ако сме искрени, мораме да признаеме дека летото дефинитивно ни е едно од омилените годишни времиња, но најчесто уживаме во делот на годишните одмори. Тие денови кога не фаќа жештината, доволно е да се нурнеме во морето и да се разладиме. Но кога температурите се искачуваат и топлотниот бран не заобиколува во градот, станува малку покомплицирано. Наместо да останеме дома со вклучен клима уред, треба да излеземе на сонцето за да ги завршиме обврските.

За среќа, светот на модата повторно ни нуди решенија кои ни се повеќе од добредојдени. Тоа значи дека можете да создадете стилски изглед за во град во кој жештината ќе биде полесно поднослива, а притоа нема да отстапите од сопствениот стил.

Само следете ги советите подолу.

1. Избегнувајте темна облека како црна и фокусирајте се на светли бои

Боите како бела и беж не го привлекуваат сонцето толку многу колку темните нијанси. Освен што изгледаат освежувачки, ќе ви помогнат и да не се прегреете во текот на денот.

2. Внимавајте на материјалот од кој ви е направена облеката

Памук, лен и свила се меѓу најдобрите избори во текот на летото. Овие природни материјали се лесни, дишат и ја впиваат влагата, овозможувајќи и на вашата кожа да “дише”, што е од суштинско значење во топлото време.

3. Изберете облека со лежерен крој

Колку и да ги сакате вашите тесни фармерки, време е да ги оставите во плакарот барем додека траат високите температури. Прозрачни макси фустани, шорцеви со висок струк во комбинација со кошула без ракави или ленени панталони се некои од опциите кои можете да ги одберете.

4. Не ги заборавајте модните додатоци

Покрај тоа што очилата за сонце се летен must-have бидејќи ги штитат очите од штетното зрачење, овие денови подеднакво корисни ќе бидат и сламени шешири. Освен што ќе го надградат вашиот изглед, ќе ве заштитат и од досадните главоболки предизвикани од директното сонце.

Откријте ги лежерните модни комбинации кои се совршени за жештините во градот во галеријата со фотографии и слободно инспирирајте се од модните избори на трендсетерките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…