
Левен Рамбин се нарече „тажна неуспешна актерка“ додека објавуваше дека се повлекува од глумата.
36-годишната актерка е најпозната по улогата на Глимер во првиот филм Игри на гладта, Одри Џејмс во серијата на CBS Fire Country, Атина Безеридес во втората сезона на HBO-серијата True Detective и Слоун Рајли во Grey’s Anatomy. Кариерата ја започна во сапуницата All My Children, а меѓу нејзините филмски проекти се и The Forever Purge, Percy Jackson: Sea of Monsters и Chasing Mavericks.
Левен оваа недела на својот TikTok профил зборуваше за тоа како се промениле работите во актерската индустрија.
„Знам дека звучам дрско и слично, но навистина чувствувам длабока тага што сонот што го имав како мало девојче е нешто што сум го надраснала, или едноставно не ми се оствари. Полека исчезнува“, рече на почетокот Левен.
Таа продолжи: „Сета таа дрскост и фрустрација прикриваат длабока жал што ова не е она што мислев дека ќе биде во оваа фаза од мојот живот, кога како дете сонував за тоа. Во еден момент мора повторно да си го преиспиташ животот и да бидеш подготвен да пуштиш некои работи. А навистина е тешко да се соочиш со тоа и да го проживееш. Многу е страшно.“
„Но, на крајот мислам дека решив дека таа болка вреди, затоа што постојаната болка од чувството дека си потценет, непосакуван, неизбран и исплашен е уште поштетна“, додаде таа.

Едно лице ѝ оставило коментар дека има „непознати актери кои работат како келнери и шанкери додека ја чекаат својата голема шанса“ и дека никој од нив „не би ја погледнал твојата листа на улоги и би помислил дека во нешто си неуспешна“.
Левен одговорила: „Го почитувам тоа. За мене ова е неуспех, затоа што не се одвиваше онака како што планирав, а сега завршив со тоа.“
Левен пред неколку месеци откри дека ја напуштила серијата на CBS Fire Country по последната сезона за да се посвети на основање семејство.
„Многумина од вас прашаа зошто си заминав од Fire Country? Се надевам дека сега е јасно зошто заминав. Знаев дека сакам да основам семејство“, изјавила таа во јули 2026 година.
Таа додала: „Тоа едноставно не се вклопуваше во мојата временска рамка. Знаев дека има одредени здравствени работи на кои треба да им дадам приоритет за веројатно да тргнам по патот кон создавање семејство… Ако го одложам ова за уште една година, само ќе го одложам за уште една година, а тоа воопшто не ми оди во прилог. Затоа им го кажав тоа и сè е во ред. Се разделивме во многу добри односи, а можеби еден ден повторно ќе се појавам.“
Левен минатата година стапи во брак со фотограф за настани. Летово таа откри дека има „среќа што е жива“ по компликации од операција.
Извор: Just Jared