Home Мода и убавина Летото во шишенце: мириси што потсетуваат на август во Грција

Летото во шишенце: мириси што потсетуваат на август во Грција

Летото затворено во шишенце: мириси кои мирисаат на август во Грција

Постојат моменти од летото што не се забораваат – мириси, слики и чувства толку живи што остануваат врежани во сеќавањето.

Август во Грција е токму таков. Тоа е време кога сонцето ја бакнува кожата и ѝ дава златен сјај, кога солта од морските бранови останува во косата како природен спреј, а ветерот го носи мирисот на јасмин и загреан песок. Тоа е и вкусот на свежо набрана смоква, со сок што капе по прстите додека седите на тераса со поглед кон бескрајното море.

Иако деновите се долги, август во Грција има своја магија токму во моментите пред зајдисонце – кога сверците ја свират својата летна симфонија, кога морето добива боја на течно злато, а небото нежно се обојува во розеви и портокалови тонови. Сето тоа може да стане спомен – понекогаш и мирис.

Затоа ви претставуваме три парфемски бисери кои не мирисаат само на лето, туку токму на грчки август – топол, лесен, заводлив и полн со приказни. Тоа се мириси кои, со само едно вдишување, ве пренесуваат на сончева тераса на остров, без потреба од авионска карта или спакуван куфер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…