Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според метеоролошките прогнози направени и објавени на веб-страницата „Severe Weather Europe“, наредната недела Европа ќе биде на удар од нов топлотен бран.
Според информациите од споменатата веб-страница, средномерните модели предвидуваат нови топлотни удари што наредната недела ќе зафатат голем дел од Европа.
Се очекуваат температури за 8 до 10 Целзиусови степени повисоки од просекот за средината на септември и тоа во Централна, Западна и во Источна Европа. Такво значајно отстапување од просечните температури значи дека во северниот дел на Европа, во делови од Германија и земјите од Бенелукс, температурите ќе достигнат до 30 степени.
Повисоки температури се очекуваат и во јужниот дел на Европа, така што Франција, Италија и делови од Унгарија, Хрватска и Србија ќе се соочат со температури над 30 Целзиусови степени.