Летен предизвик и многу награди! YouTube каналот „BMG Network“ најавува супер лето!

BMG Network

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јутуб каналот BMG Network продолжува мистериозно да објавува видеа и полека да открива каков предизвик ќе се случува во Скопје ова лето. Доколку го видовте првото видео, знаете дека нешто ќе биде скриено, нешто кое треба да биде пронајдено. Во првата објава не беа откриени многу детали, но сега знаеме нешто повеќе. На видеото, ТЏ, Столе и Лепа бараат нешто на мапа. Сите обележуваат дел од мапата и трнуваат по својот пат. Со мапа во рака, бараат локации. Тоа значи дека ќе има неколку локации во Скопје, каде што ќе бидат скриени некои работи. Во видеото во еден момент се појавува и QR код. Тоа е смао уште еден мал детал во целата мистерија. “Со секоја трага што ќе ја откриеме, патот станува појасен. Но исто така, секоја трага ни носи награда. Спремаме авантура како ниедна друга. Подготвени да го направите следниот чекор? Subskcribe, like, click the bell за први да дознаете што се случува! Чекајте го следното видео, каде што ве чека конечното откритие“, стои во објавата на BMG Network. Очигледно, во следното teaser видео ќе отркиеме се, а како што најавија во видеото, тоа ќе се случи на 28.06. Останува да сочекаме уште некој ден, па да видиме каков летен предизвик ни спрема екипата на BMG Network.