Често ли се чувствувате празни и без енергија по завршувањето на празниците?
Во текот на зимата, особено по празничната еуфорија, многу луѓе чувствуваат апатија и тага. Имаме неколку совети кои ќе ви помогнат јануарските денови да ги поминете во добро расположение.
БИДЕТЕ АКТИВНИ
Еден од најефикасните начини да си го подобрите расположението е преку вежбање. Добрата вест е дека во јануари фитнес центрите обично не се преполни. Одберете активност која ви причинува задоволство – тоа може да биде јога, пешачење, трчање, пилатес. Не мора да биде интензивно – важен е движењето, а не интензитетот.
УЖИВАЈТЕ ВО ЗДРАВА ХРАНА
Јануари е одличен месец за започнување со поздрава исхрана. Тоа не значи целосно да се одречете од омилените слатки, туку постепено да ги намалувате количествата и дополнително да внесувате повеќе зеленчук во оброците.
ЗИМСКИ ПОПУСТИ
Ништо не поправа расположение како добра прошетка низ продавници, особено кога се попустите во полн ек и може да се најдат тренди парчиња по одлични цени. Поставете си буџет и започнете со шопинг! Ако ви треба нова зимска јакна или чизми – сега е вистинскиот момент да ги купите по најповолна цена.
ОДВОЈТЕ ВРЕМЕ ЗА ОМИЛЕНИТЕ ТВ ЕМИСИИ/СЕРИИ
Навечер пред да легнете или за време на викендите, посветете малку време на содржини што ви создаваат радост. Тоа може да се стенд-ап настапи, комедии, серии – сѐ што ќе ве насмее и ќе ви наполни срце со позитивна енергија.
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ЛЕТЕН ОДМОР (ИЛИ БАРЕМ ПРЕГЛЕДАЈТЕ ПОНУДА)
Јануари е одлично време да се планираат патувања – било тоа посета на некој странски град или летен одмор покрај море. Ако најдете добра понуда, веднаш резервирајте!
РАЗМАЗЕТЕ СЕ
Искористете ги студените јануарски денови за посета на спа центар или направете бања дома. Јануари е совршено време да си набавите нови козметички производи кои ќе ја негуваат вашата кожа, а ќе ви ја подобрат и атмосферата. Можете и да се почестите со омилениот оброк во ресторан или нешто благо пред телевизорот.
БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ ВО КУЈНАТА
Почетокот на новата година е идеално време да се експериментира во кујната. Пронајдете нови и интересни рецепти, бидете креативни и изненадете ги и себе и вашите најблиски.