Home Шоубизнис Леб и Сол со Симфониски оркестар – проштален во МОБ

Леб и Сол со Симфониски оркестар – проштален во МОБ

Македонската рок група Леб и Сол со концерт на 20 декември ќе прослави 40 години од своето постоење и делување. Концертот, кој ќе го одржат во Македонската опера и балет, ќе биде и последен настап на групата со кој се заокружува нивната блескава музичка кариера.

За концертот е предвидена специјална програма, а составот ќе го придружува симфониски оркестар, за кој се изработени и специјални аранжмани.

Од МОБ информираат дека првиот концерт закажан за 20 декември е веќе распродаден, а билети можат да се купат за вториот, кој е закажан за наредниот ден, среда, 21 декември со почеток во истиот термин од 20 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…