Home Мода и убавина Лате нокти: Тренди маникир што мора да го пробате оваа есен

Лате нокти: Тренди маникир што мора да го пробате оваа есен

Погледнете различни дизајни кои ќе ви помогнат да го прифатите овој тренд.

Прво се појави „latte“ шминката, која стана вирална на TikTok и собра повеќе од 220 милиони прегледи во последниве неколку недели. Следни се latte ноктите, кои го одведуваат трендот на чоколадна палета еден чекор понатаму, правејќи не да го испробаме буквално од глава до пети.

Ако го сумираме: „latte“ шминката нè охрабрува да користиме топли кафени нијанси како карамела и какао на очите, образите и усните, за заводлив ефект што подеднакво добро се вклопува и во сончевата летна атмосфера, и во топлата есенска клима. Со други зборови, тоа е совршена идеја за шминка во променливиот период од годината.

По едно лето полно со светли нијанси, време е да ги обновите шишенцата со лак и да додадете суптилни кафеави тонови, дозволувајќи потемните бои да заблескаат. Тополите latte нијанси носат чувство на удобност и елеганција, и се совршени за да го комплетираат секој есенски изглед.

Доколку сакате да ги испробате Latte Nails оваа есен, инспиративни примери ве очекуваат во галеријата на фотографии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…