Home Актуелно Куќата во која е лоциран бугарскиот кулутрен центар во Битола „Иван Михајлов“ била од еврејско семејство депортирано од нацистите

Куќата во која е лоциран бугарскиот кулутрен центар во Битола „Иван Михајлов“ била од еврејско семејство депортирано од нацистите

Германската новинарка Брита Хилперт открива дека куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера.

Оваа информација Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF.

Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите?

– Соработката не е докажана (признаените историчари го тврдат спротивното), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.

Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…