Крвави избори во Пакистан: Гласачко место нападнато од бомбаш самоубиец – најмалку 28 мртви


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избориниот ден во Пакистан, како што многумина стравуваа дека ќе се случи, започна со насилство и терористички напади.

Во експлозија на бомба на гласачко место во градот Квета загинале најмалку 28 луѓе, меѓу кои и деца, објави германската новинска агенција ДПА. Ранети се над 40 луѓе, соопштија локалните власти.

Квета е главен град на провинцијата Балочистан, каде пред десетина дена во напад на бомбаш-самоубиец загинаа над 150 луѓе на предизборен митинг.

Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори под силни безбедносни мерки.