Крцкави и вкусни колачиња со цимет – со само 4 состојки
Има ли подобро нешто со кафе од домашни колачиња со цимет?
Колачињата се секогаш добар избор кога ни се пријадува нешто благо. Овие што ви ги предлагаме имаат богат и интензивен вкус кој го обожаваат и деца и возрасни. Многу лесни за подготовка и без печење, денешниот рецепт за колачиња со цимет е токму она што ви треба за заедничко уживање со семејството.
Потребни состојки:
- 500 грама пченично брашно
- 100 грама шеќер
- 250 грама путер
- 1 кесичка мелем цимет
Подготовка:
Оставете го путерот да омекне на собна температура, па ставете го во длабок сад и изматете го заедно со шеќерот. Кога ќе добиете мазна смеса, додајте го циметот и повторно измешајте додека не се соедини убаво.
Потоа, постепено додавајте брашно и замесете меко тесто.
Расукајте кора, па со калапчиња вадете форми или направете мали топчиња кои ќе ги сплескате со сукало.
Наредете ги колачињата на плех обложен со хартија за печење, наросете ги со шеќер и цимет и печете ги во загреана рерна 10–12 минути на 180°C.