Кривичен ги отфрли сите жалби – Груевски мора да оди во затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кривичниот суд од Скопје, преку соопштени објави дека се отфрлени сите жалби поднесени од адвокатскиот тим од бившиот премиер Никола Груевски за одложување на издржувањето на двегодишната затворска казна и Груевски ќе мора да оди во затвор.

Од Кривичен велат дека решението е испратено до странките во постапката и извршно веднаш по нивниот прием. Тоа практично значи дека Груевски откако ќе ја добие одлуката на рака, треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.

,,Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките.

Сепак, и покрај одлуката на кривичен, Груевски ќе остане пратеник. Во законодавниот дом денеска не беше обезбедено 2/3 мнозинство гласови за одземање на неговиот мандат. Со 58 гласа За и 29 против не се обезбедија потребните 80 гласа за да се стори тоа. На седницата во Собранието се гласаше без притоа да има дискусија. Пратеникот Никола Груевски, не беше во собраниската сала.

Веднаш по гласањето во Собранието, на социјалните мрежи се огласи пратеникот Павле Богоевски, кој меѓудругото напиша дека Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните.

,,Не собравме 80 гласа, груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор.

Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа.

Борбата продолжува!