Крис Џенер, неспорната кралица на империјата Кардашијан, повторно покажа дека знае како сите погледи да бидат вперени кон неа.
Оваа недела отиде чекор понатаму – се прости од својот препознатлив кафеав тон и ја поздрави светот со платинесто руса коса.
На Инстаграм, во средата на 8 октомври, објави видеo кое веднаш предизвика лавина од коментари. Со помош на нејзиниот омилен стилист, Крис Аплетон, Крис ги замени своите препознатливи кафеави локни со светкава платинеста фризура – еден од најхрабрите трансформации досега.
Видеото носи наслов „Blondie“, а во него Крис позира сосема природна, без шминка, со бел пешкир на главата, подготвувајќи се за големото откривање. Во позадина се слуша виралниот хит на Сабрина Карпентер „When Did You Get Hot?“, а Крис, со нејзината препознатлива доза хумор, ги усогласува усните со стиховите: „Wait, I need a minute“, додека Аплетон драматично додава: „Ok? Here it comes!“.
И се разбира, по оваа мала игра – таа се појавува во целосно црна комбинација, со совршена платинесто руса коса и блеска како никогаш досега. Очигледно е дека, дури и на 69-годишна возраст, Крис ја знае тајната на младешки и свеж изглед – со вистинската доза дрскост и стил.
Ако сте мислеле дека сте ја виделе во сите можни изданија – Крис докажа дека секогаш може да изненади и да воодушеви!