Кожата околу очите е позната како првиот сигнал за стареење.
Со текот на времето, таа станува потенка и почувствителна, а производството на колаген и еластин се намалува, што резултира со појава на тенки линии, мали брчки, подочници и натеченост. На сето тоа додадете го секојдневниот замор и загадувањето – и погледот често изгледа изморено и безживотно. Решението? Крема за очи со ретинол.
ЗОШТО РЕТИНОЛОТ Е НЕОПХОДЕН ЗА ПОДРАЧЈЕТО ОКОЛУ ОЧИТЕ?
Ретинолот е еден од најефикасните состојки против стареење во нега на кожата – го поттикнува клеточниот метаболизам, го стимулира производството на колаген и еластин, ги намалува тенките линии и брчките, ја подобрува текстурата и тонусот на кожата и ѝ дава мазен и сјаен изглед. Со нежни формули специјално создадени за пределот околу очите, ретинолот може да го освежи и подмлади вашиот поглед, без чувство на тежина или иритација.
5 НАЈДОБРИ ПОВОЛНИ КРЕМИ ЗА ОЧИ СО РЕТИНОЛ
И не, не мора да потрошите цело богатство за да добиете квалитетна крема за очи. Постојат одлични и достапни опции кои овозможуваат да го вклучите „светиот грал“ на анти-ејџингот во вашата рутина, без да го надминете буџетот. Во галеријата ги претставуваме нашите омилени креми.