Кралот Чарлс III е далечен правнук на грофот Дракула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот британски актер Лук Еванс во емисијата на Џонатан Рос за јавноста откри дека новиот крал на Британија, Чарлс III, во 2014 година му открил една негова лична тајна и со тоа ги изненади своите сонародници.

Британскиот крал Чарлс III, кој го наследи тронот на Обединетото Кралство по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, всушност е 16-тиот правнук на Влад Тепеш – Дракула.

Оваа фасцинантна изјава ја кажа познатиот актер Лук Еванс, кој ја толкуваше последната верзија на приказната за најпознатиот вампир во светот, и тоа во 2014 година. Станува збор за продукција наречена „Dracula untold“ (Дракула, нераскажаната верзија). Во емисијата на Џонатан Рос, Лук изјави дека тоа му го потврдил и самиот крал Чарлс III, и тоа пред снимањето на филмот за Дракула.

– При средбата со идниот владетел на Англија бев исклучително нервозен. Бев многу нервозен, а тој ме праша на што работам во моментот. Реков дека се снима последната верзија на Дракула во која јас ја играм главната улога, Влад. Чарлс ми одговори дека тоа е навистина смешно бидејќи тој е во роднинска врска со Влад, кој е негов далечен предок – потврди Еванс во емисијата, а пренесува Метро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans (@thereallukeevans)

Британските граѓани беа изненадени од информацијата на Еванс за кралот, како и од фактот дека нивниот крал е поврзан со еден од најсуровите владетели на светот.

Наскоро, британските портали објаснија дека врската на кралот на Англија со Влад Цепес оди преку неговата прабаба, кралицата Мери (1867 – 1953), сопруга на Џорџ V. Всушност, кралицата Елизабета Втора е таа чии корени потекнуваат од Трансилванија. Самиот Чарлс III тоа никогаш не го криеше, дури и истакнуваше дека Трансилванија му е во крвта, но не наведуваше дека има врска со Цепес.

Инаку, по смртта на кралицата, покрај круната, Чарлс наследи палати и резиденции низ Обединетото Кралство, како и историски градби во Трансилванија. Од друга страна, како што е најавено, тој некои имоти и палати ќе мора да му ги предаде на својот постар син и наследник, принцот Вилијам.

Кларенс Хаус во Лондон беше официјалната адреса на принцот од 2003 година, но новиот крал сега ќе се пресели на 400 метри од Бакингемската палата. Исто така, ќе ги преземе замокот Виндзор, палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на монархот во Шкотска и дворецот Хилсборо, официјалната резиденција во Северна Ирска.

Чарлс го наследува и замокот Балморал во Шкотска, каде што кралското семејство ги поминува летните месеци, како и Сандригам, во округот Норфолк на истокот на Англија, каде што кралицата сакаше да престојува за време на Божиќ. Како далечен потомок на влашкиот кнез Влад III Дракула, поточно Влад Цепес, во 2006 година Чарлс III на сопствен трошол купил градби од 18-ти век во селото Заланпатак, Трансилванија, и ги претворил во луксузни пансиони.