Home Живот и здравје Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе, како читаат книга покрај свеќа или ја милуваат својата мачка во потполен мир и тишина. На прв поглед – едноставно, но всушност – цел ритуал за нега на себе.

Враќањето од работа, облекувањето најудобните хеланки и одморот на каучот веќе не се сметаат за мрзливост, туку како нова животна филозофија. Подготовката на омилен топол напиток додека ја гледаш својата comfort серија повеќе не е губење време – тоа е cozymaxxing, вирален wellness тренд од TikTok кој не потсетува дека е сосема во ред да се посветиме на себе. На најнежен можен начин.

ШТО ТОЧНО Е COZYMAXXING?

Пред сè – нема погрешен начин за негова примена. TikTok е преполн со видеа во кои луѓе си креираат свој мал, удобен универзум: замотани во дебели ќебиња, со книга, чај, свеќа или миленик в скут.

Зошто cozymaxxing стана вирален? Поради хронична исцрпеност. Луѓето се преоптоварени и изморени, па почнуваат да се навраќаат кон мали, сигурни ритуали во секојдневието. „Луѓето се изморени. Им се потребни оази на мир во среде хаосот на секојдневниот живот“, вели психотерапевтот Кен Фирхелер.

Дополнителни причини? Економска несигурност, политички тензии, глобален стрес – сето ова нè тера да бараме сигурност, предвидливост и внатрешен мир. А токму тоа го овозможува cozymaxxing.

ЗОШТО COZYMAXXING ДЕЛУВА СМИРУВАЧКИ?

„Топлата и предвидлива атмосфера му сигнализира на мозокот дека е безбедно. Тоа го намалува нивото на кортизол – хормонот на стресот – и го поттикнува опуштањето“, објаснува психологот Ритика Сук Бирах. Освен намалување на стресот, овој ритуал помага и во емоционална регулација – дава простор за расчистување на мислите, препознавање и обработка на чувствата.

5 COZYMAXXING РИТУАЛИ ЗА ЦЕЛОСЕН RESET

1. ПРИСТАВИ ЈА СВЕТЛИНАТА

Создади интимна и топла атмосфера. Вклучи мала ламба покрај креветот или запали омилена мирисна свеќа. Нека светлината биде мека, доволна само за да прочиташ страница или две – ако ти се чита.

2. ЗАМОТКАЈ СЕ ВО ШТО ПОВЕЌЕ ЌЕБИЊА

Во cozymaxxing светот – никогаш нема премногу ќебиња. Поголеми, помеки, волнени или памучни – сè доаѓа предвид. Замотај се како бурито и дозволи му на телото да се одмори, додека текстурата на ќебето те гре и смирува.

3. АКТИВИРАЈ ГО ЧУЛОТО ЗА МИРИС

Ароматерапијата игра клучна улога. Дифузер со етерични масла или квалитетна мирисна свеќа внесуваат чувство на луксуз и мир. Лавандата е класика за опуштање, додека ванила или сандалово дрво внесуваат топлина и домашна атмосфера.

4. ИСКЛУЧИ ГО ТЕЛЕФОНОТ

Во време на cozymaxxing, телефонот треба да биде далеку. Одмор од екрани помага да се исклучиш од надворешниот свет. Ако не сакаш целосен дигитален детокс, избери барем некоја серија која те релаксира – guilty pleasures се дозволени.

5. УЖИВАЈ ВО СОНСКА КАДА

Крај на денот со топла када? Сон. Наполни ја кадата, додади лаванда, морска сол или меуреста купка, запали неколку свеќи и пушти тивка музика. Тоа не е луксуз – тоа е ментална хигиена.

МАЛА ДОЗА СЕКОЈДНЕВЕН МИР ПРАВИ ЧУДА

Во свет каде стресот е нормализиран, cozymaxxing нè потсетува дека вистинската сила лежи во малите ритуали. Дека не е слабост да сакаме мир, топлина и сигурност – туку храброст. И дека грижата за себе не треба да се случува само во спа центри, туку и на сопствениот кауч, со шолја чај и омиленото ќебе.

Бидејќи понекогаш, сè што навистина ни треба, е – мал cozy момент за себе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто секогаш имаме глад навечер – и која храна е најдобра за доцно грицкање

„Тешко“ време кога се појавува желбата за грицкање… Лежите во кревет или се релаксир…