Home Шоубизнис Конечно заблеска дијамантот на раката на Наташа Беквалац: Реков дека…

Конечно заблеска дијамантот на раката на Наташа Беквалац: Реков дека…

Конечно! Засја дијамантот на раката на Наташа Беквалац: Реков дека…

Пејачката Наташа Беквалац повторно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи. На својот профил на Инстаграм објави фотографија која предизвика вистинска бура од реакции и отвори многу прашања.

На сликата во прв план е нејзината рака, а на неа – преубав веренички прстен со дијамант кој блеска и неминовно го привлекува вниманието.

„Реков ‘да’“, напиша Наташа до фотографијата на прстенот, што беше сосема доволно за да предизвика бројни коментари и шпекулации.

Многумина веднаш помислија дека познатата пејачка се верила, но веќе наредната објава донесе ново изненадување. Наташа сподели уште една фотографија и јасно стави до знаење дека не станува збор за веридба. До фотографијата на прстенот напиша: „На себе, конечно“, откривајќи дека прстенот си го купила сама.

Овој нејзин потег наиде на големо внимание и одушевување кај нејзините обожаватели, а многумина истакнаа дека со овој гест испратила важна порака до сите жени – дека најважно е прво да се сакаш и почитуваш себе.

Инаку, Беквалац досега се има мажено трипати, а нејзиниот приватен живот отсекогаш бил под лупа на јавноста. Но овојпат, пејачката реши да стави крај на претпоставките и да покаже дека и без принц на бел коњ – ѝ е сосема добро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …