Home Живот и здравје Колку се штетни електронските цигари за забите?

Колку се штетни електронските цигари за забите?

Е-цигарите можат да бидат штетни за забите и забната глеѓ исто како класичните цигари, предупредуваат американските научници од Универзитетот во Рочестер.

Резултатите од лабораториските експерименти спроведени на примероци на заби на непушачи, се во спротивност на тврдењата дека е-цигарите се по здрава алтернатива од класичните цигари, пишува во стручното списание Oncotarget.

Се покажа дека користењето на е-цигари предизвикува излачување на воспалителни протеини во клетките на забната маса, што го влошува клеточниот стрес и резултира со оштетувања кои можат да доведат до многу болести на усната шуплина, пренесоа медиумите.

Зачестеноста на овие оштетувања расте пропорционално со честото користење на е-цигарите, додаваат истражувачите.

Дополнителен ризик е откриен при употреба на хемиски соединенија кои додаваат вкус на е-цигарите.

Е-цигарите исто така содржат никотин, познат фактор за ризик на болести на забната маса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Тивки разводи: Нов тренд што го менува нашето разбирање за бракот во средни години

Замислете брак во кој живеете, но повеќе не ја чувствувате онаа искра, онаа вистинска емоц…