Home Шоубизнис Коларов никогаш не зборуваше за сопругата и љубовницата, но за оваа жена да: Го исполнив ветувањето што ѝ го дадов

Коларов никогаш не зборуваше за сопругата и љубовницата, но за оваа жена да: Го исполнив ветувањето што ѝ го дадов

Љубовниот живот на Александар Коларов е бурен

Љубовниот живот на Александар Коларов бил обележан од многу убавици. Фудбалскиот ас во 2007 година и се заколна на вечна љубов на Весна, со која подоцна доби син, Никола, и ќерка, Уна.

Иако се чинеше дека се среќни, нивниот брак западна во сериозна криза кога во јавноста се појавија информации дека фудбалерот е во вонбрачна врска со манекенката Кристина Мијачевиќ. Според извори, тие се вљубиле уште во тинејџерските денови, пред Коларов да стапи во брак.

Дури ни неговата свадба не ги угасна емоциите, па продолжиле да се гледаат, а во 2015 година Кристина останала бремена и наводно му поставила ултиматум – или таа, или сопругата.

Исплашен од целата ситуација, Коларов првите два месеци по породувањето на Кристина не комуницирал со мајката на неговото дете. Но по два месеци размислување, се предомислил и го признал Петар како свој син.

Односите меѓу Коларов и поранешната љубовница денес

Денес се верува дека фудбалерот и неговата поранешна љубовница се во коректни односи, а врската помеѓу нив е нивниот вонбрачен син, кој веќе покажува спортски талент и можеби еден ден ќе тргне по стапките на својот татко.

Неговиот брак со Весна го издржа овој предизвик, но во 2019 година почнаа шпекулации дека се разделиле поради друга наводна љубовница на фудбалерот.

Медиумите го поврзуваа Александар Коларов со мистериозна Италијанка, која наводно била причина за крајот на неговиот брак. Сепак, Коларов остана доследен на својата одлука да не го коментира приватниот живот, па јавноста остана без конкретен одговор дали тој сè уште е во брак.

Оваа жена ја доби неговата исповед

Американскиот портал “The Players Tribune” своевремено ја објави животната исповед на Коларов, во која првпат отворено говореше за своето семејство.

„Како што растевме со брат ми, додека војната стануваше сè поголем дел од нашите животи, увидовме дека фудбалот е можност која не смееме да ја испуштиме. Бев натпреварувачки настроен, можеби и премногу.“

„Се сеќавам на еден ден кога останавме сами дома и започнавме расправија за тоа кој е посилен. Дојдовме на идеја да трчаме еден кон друг од спротивните краеви на собата за да видиме кој ќе успее да го собори другиот.“

„Кога сега го зборувам ова, звучи смешно. Но, бевме тинејџери. Се затрчавме еден кон друг и го соборив со цела сила. Летна низ воздухот и штом падна, веднаш почна да вика: ‘Повикај го тато!’ Татко ни го одведе во болница, а дијагнозата беше скршена клучна коска. Тие ‘битки’ ме направија посилен.“

„Кога ја видов Црвена Ѕвезда во 1991 година, кога видов дека мојата земја е во тешка состојба… Само сакав повеќе. Таа желба никогаш не ме напушти.“

„Неколку години подоцна, во 2007 година, потпишав за Лацио. Првпат можев финансиски да и помогнам на мојата фамилија, што за мене значеше сè.“

„Но се сеќавам на едно ветување кое и го дадов на мајка ми кога имав 12 години – ѝ реков дека еден ден ќе играм во Премиер лигата, во Англија. Знаев, без разлика на сè, дека еден ден тоа ќе стане реалност.“

„Шансата дојде од Манчестер Сити. Сити градеше нешто големо, а Премиер лигата беше врвот на фудбалот…“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …