Home Мода и убавина Коктел за нега на тело: Искористете ги производите од бањата и создадете кожа од соништата

Коктел за нега на тело: Искористете ги производите од бањата и создадете кожа од соништата

Како што еден искусен бармен меша различни состојки за да направи совршен коктел, така и вие можете да комбинирате производи за нега на тело, секогаш според вашите потреби, и да ја добиете кожата од соништата.

На овој начин, составките делуваат синергично таргетирајќи проблеми како сувост, фини линии, брчки, хиперпигментација. Со доаѓањето на студеното време, идеално е време да почнете да ја третирате кожата на телото исто како што се грижите за кожата на лицето – ќе ви биде благодарна!

Ако имате сува кожа

Сувиот воздух и греeњето во домот ја влечат влагата од кожата, а бидејќи кожата на телото има помалку лојни жлезди, лесно се суши и дехидрира. За да се справите со сувата кожа, направете пилинг додека се туширате за да ги отстраните мртвите клетки и да овозможите подобра апсорпција на производите што ќе ги нанесете подоцна. Дехидрацијата често оди рака под рака со сувоста, па најдобро е да нанесете хидратантен крем со керамиди и глицерин, а потоа да ја „запечатите“ влагата со масло за тело.

Ако имате фини линии и брчки

Кожата со тек на време ја губи еластичноста и колагенот. Ретинолот е добро познат состојка за борба против стареење кај лицето, но може да направи чуда и за кожата на телото. Тој го забрзува обновувањето на клетките и ја стимулира природната продукција на колаген, намалувајќи ги фините линии и брчки.

По туширањето, нанесете лосион со ретинол на телото, особено на рацете, колената и лактите – делови што побрзо старееат и често се занемаруваат. Потоа нанесете антиоксидантен серум за тело кој ќе ја заштити кожата од слободните радикали, па омилениот хидратантен крем, идеално со пептиди и хијалуронска киселина, и завршете ја рутината со хранливо масло за тело.

Совет: Ако ја следите оваа рутина наутро и потоа излегувате надвор, задолжително нанесете крема со висок СПФ, затоа што ретинолот ја прави кожата почувствителна на сонце и може да ја зголеми штетата од UV-зраците.

Ако имате темни дамки и хиперпигментација

Третманот на темни дамки и хиперпигментација на телото може да биде предизвикувачки бидејќи потребно е време за да се забележат резултати. Овие упорни траги се последица на долготрајно изложување на сонце без соодветна заштита. Сепак, одреден „коктел“ за тело може да помогне во борбата против нив. Според експертите, темните дамки најдобро се третираат со пилинг со АХА (алфа-хидрокси киселини) и избелувачки производи за кожа.

Почнете со пилинг додека се туширате или користете природен ексфолијант кој содржи алфа и бета-хидрокси киселини, или средство за миење тело со гликолна киселина – тоа ќе го отстрани горниот слој на мртви клетки. Потоа нанесете лосион со ретинол, хидратантен крем, и завршете со масло за тело. Се подразбира дека, ако оваа рутина ја користите наутро, заштитата од сонце е неопходна.

Ако имате „опуштена“ кожа

Колагенот и еластинот се протеини кои и даваат на кожата младешки изглед. Меѓутоа, со стареењето, нивното производство се намалува, што доведува до опуштање на кожата. Почнете со пилинг под туш кој ќе ги отвори порите и ќе овозможи подобра апсорпција на активните состојки што ќе ги нанесете потоа.

По туширањето, нанесете серум за тело со пептиди или хијалуронска киселина. Пептидите се аминокиселини кои делуваат како сигнализатори, поттикнувајќи ја кожата да произведува повеќе колаген и еластин. Кога серумот ќе се впие, продолжете ја рутината со масло за тело, кое ќе ги „заклучи“ сите состојки од нанесените производи во кожата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Грд новогодишен џемпер: кратка историја на божиќниот џемпер

Првите „грди“ божиќни џемпери се појавиле на Запад пред повеќе од половина век, и се покаж…