Home Рецепти Коктел Сангрита – вистинска гозба за сетилата!

Коктел Сангрита – вистинска гозба за сетилата!

Летото и коктелите – нераздвојна комбинација како јагоди со шлаг

Нема ништо што така совршено ќе ја освежи жешката летна вечер како овошен, леден коктел со доза од вашето омилено алкохолно пијалок. Но, вистинската дилема се јавува кога треба да изберете само еден – најдобриот. Ако обожавате класична сангрија, а во исто време слабо одолувате на добра маргарита, зошто да не ги споите во едно прекрасно искуство? Дами, ви ја претставуваме сангрита – единствената, неповторлива и апсолутно величествена!

Потребно – за 8 чаши:

За сангрита:

  • 1 и пол шолја сок од портокал
  • ¾ шолја сок од лимета
  • ½ шолја текила
  • ½ шолја Triple Sec ликер (со вкус на портокал)
  • 1 шише црвено вино

За шекерниот раб на чашите:

  • рендана кора од лимета
  • 1/3 шолја шеќер
  • ¼ шолја ладна вода
  • лед

Подготовка:

Во голем бокал измешајте го сокот од портокал со сокот од лимета. Потоа додадете ја текилата, Triple Sec ликерот и виното. Комбинацијата добро изладете ја пред сервирање.

За декорација на рабовите на чашите, измешајте шеќер со рендана кора од лимета на мало чинивче. Во друго мало чинивче ставете ладна вода. Пред полнење, секоја чаша натопете ја прво во водата, па потоа во шеќерот со лимета. На крај, наполнете ги чашите со коцки мраз и прелијте со сангритата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Тирамису со шумско овошје – без печење!

Која е вашата омилена летна „активност“? Дозволете да погодиме: одмарање крај базен со сла…