Home Живот и здравје Која храна навистина не треба да се чува во фрижидер

Која храна навистина не треба да се чува во фрижидер

Авокадо

Авокадото зрее далеку побрзо кога е оставено на собна температура, а фрижидерот нема да помогне ако веќе е презреано – тогаш останува само веднаш да се изеде.

Босилек

Ако често правите освежителни лимонади или едноставно го сакате нежниот мирис на оваа билка, немојте да го чувате босилекот во фрижидер. Наместо тоа, ставете ги стебленцата во чаша со вода и оставете ги така.

Краставици

Верувале или не, краставиците во фрижидер стануваат водени и губат доста од вкусот. Сепак, ако баш имате стратешка резерва од краставици, завиткајте ги во фолија пред да ги ставите во фрижидер – така ќе ја минимизирате влагата.

Домат

Доматите го задржуваат својот вкус и сочност многу подобро кога се на собна температура отколку во фрижидер.

Банани

Бананите зреат на топло. Фрижидерот, дефинитивно, не е најдоброто место за нив.

Бобинки

Може ќе ве изненади, но ниските температури не им одговараат на бобинките – напротив. Влагата во фрижидерот само ќе придонесе побргу да се расипат.

Цитруси

Наместо да ги пикнете во фрижидер, ставете ги цитрусните овошки во чинија или вазна и поставете ги на видно место во кујната – така побрзо ќе се изедат, и ќе служат како додатен декоративен елемент.

Лути сосови и кечап

Иако љубителите на здрава исхрана можеби ги избегнуваат, за време на сезона на скара повремено ќе посегнете по нив. Не мора да ги чувате во фрижидер – оцетот што се наоѓа во нивниот состав е доволен за да ги зачува и без разладување.

Сојасос

Сојиниот сос благодарение на ферментацијата може без проблем да се чува на обичното кујнско поличе цела година.

Нутела

Иако некои сакаат нутела од фрижидер зашто е потешко да се изеде премногу, сепак, чоколадата е најдобра кога е на собна температура. Во фрижидер го губи дел од својот кремаст вкус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …