Кој ќе биде нов ген-сек на местото на Зеќири – тројца фаворити за оваа функција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска Владата ќе избира нов генерален секретар, откако Мухамед Зеќири си даде оставка од функцијата по отворената истрага дека незаконски склучил договор без тендер за изработка на физибилити-студија за „Македонска пошта“.

Како што неофицијално дознава и пренесува „Фокус“, во најтесна конкуренција за негов наследник биле неколку лица, меѓу кои Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет, и Методија Димовски, член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето.

Според изворите на кои се повикува Фокус, најсеризен кандидат за да го замени Зеќири е Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, кој работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.