Кој ја обои Белата палата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на „Шарената револуција“ единствениот објект кој демонстрантите кои со месеци протестираа на улиците во главниот град и другите градови ширум Македонија не успеаја да го обојат во шарени бои беше новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, популарно познато како Белата палата.

Новата зграда на партијата во центарот на Скопје тогаш беше најобезбедуваниот објект, кордони полицајци и специјалци го чуваа и таму „птица не смееше да прелета“. Демонстрантите, иако неколку пати се обидуваа, не успеаја да пристапат до него.

Црвената боја заврши на луксузната палата во саботата вечерта, по протестот против договорот за името што го потпиша Македонија со Грција за решавање на деценискиот спор за името.

Демонстрантите од пред Собранието се разотидоа околу 22 часот, а еден час подоцна одговорно лице од ВМРО-ДПМНЕ се јавило во полиција и пријавило дека непознати лица фрлиле боја врз објектот и околу него.

Од Министерството за внатрешни работи засега немаат информации кој стои зад нападот. Оттаму само информираат дека на местото излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Нема одговор на прашањата дали околу седиштето има камери кои функционираат и дали полицијата ќе ги искористи за да се открие кој ја обоил зградата.

Извор: Независен