Home Љубов и секс Кои женски фризури, долна облека, маникир и парфеми им се допаѓаат на мажите

Кои женски фризури, долна облека, маникир и парфеми им се допаѓаат на мажите

Колку пати сте се запрашале што навистина забележуваат мажите – фризурата, парфемот, бојата на лакот или, да бидеме реални, долната облека?

Иако многумина би рекле дека „не обрнуваат внимание на детали“, вистината е дека тие и te како гледаат – само на свој, различен начин. За нив, косата не е „лаериран боб со нежни бранови“, туку „таа фризура кога тебе ти паѓа преку рамената додека се смееш“. Парфем? Не „цветно-дрвенеста нота со јасмин и мошус“, туку „твојот мирис кој не можат да го заборават“.

Накратко: сите оние ситници од кои се чувствувате самоуверено, на мажите им изгледаат апсолутно неодоливо. Затоа откриваме – кои фризури, мириси, маникир и парчиња долна облека мажите едноставно ги обожаваат (дури и ако никогаш не го признаат тоа отворено).

Чорапи

Истражувања од Британското психолошко друштво и Семејното здружение за терапија потврдуваат: чорапите (а во најдобар случај и подвезиците) се водечки фетиш кај мажите. Зошто се возбудливи? Едноставно: чорапите во исто време и откриваат и прикриваат. Предизвикуваат. Изгледаат и достапно и недостапно. Забранетото и недостапноста го будат примитивниот ловечки нагон кој го тера мажот да ја гони својата желба.

Долна облека

Без конкуренција води тантелата. Второ место за свила, додека третото го држат „гумираните“ ткаенини како неопренот, од кои се прават спортски градници. Памукот, пак, категорично не е во мода кога се работи за привлечност.

Боја на облеката

Само две бои се апсолутен погодок: црвена и црна. Според мажите, белата не оди со сите аутфити и честопати делува премногу едноставно. Што се однесува до светлите или пастелни нијанси – нема проблем, но само ако ја нагласуваат бојата на вашата кожа, очи и коса. Да – мажите внимаваат и на вакви детали!

Стил

Што се однесува до дизајнот, ништо не е сигурно. Мажите даваат контрадикторни одговори во анкетите. Исти парчиња тантела ги толкуваат различно – за некого се „вечер со свеќи и романтика“, додека за друг е „поздрав од црвената улица“. Е затоа – најдобро е да се водите по сопственото чувство и вкус.

Кармин

Научниците од Универзитетот во Манчестер неодамна докажаа дека црвениот кармин е најатрактивен. Во експеримент, мажите најдолго ги гледале фотографиите на девојки со црвен кармин – цели 8 секунди, наспроти 6 секунди за розов и само 2 секунди за усни без кармин. Да се потсетиме и на француска студија која покажа дека келнерки со црвен кармин добиваат дури 50% повеќе бакшиш! Околу 90% од испитаниците признале дека црвената боја на усните ја доживуваат како силен сексуален сигнал.

Фризура

Боја на косата? Главно небитна. Ретко кој маж обожава исклучиво русокоси или бринети. Но за должината – едногласни се: лабава и негувана коса со должина малку под рамената е апсолутен фаворит. Само 2% се привлечени од плетенки и пунџи.

Маникир

Ако мислите дека мажите не гледаат во ноктите – грешите. Напротив – според нив, девојката треба да биде убава до врвовите на прстите. Повеќе од 90% признале дека полесно би простиле небричени нозе на прв состанок отколку неуреден маникир.

Форма и должина на нокти

Нокти кои се малку подолжи од врвот на прстите или многу кратки со заоблена форма – тоа го привлекува вниманието. Многу долги нокти ги одбиваат – дури и ги плаши мажите.

Боја на лак

Црна, темно сива и кафеава? За мажите – како валкани нокти. Неонските бои исто така ги иритираат – „удираат во очи“. И психологијата се согласува: неонските нијанси го нарушуваат визуелниот впечаток. Класиката е секогаш во мода – француски маникир во неутрални нијанси (корален, розов, нуд), како и црвен лак.

Дизајн на ноктите

Не, не и пак не. Мажите не можат да прифатат цвеќиња, линии или циркони на ноктите. Секоја креативност на рацете, за нив, е непотребна и дразни.

Парфем

Една вистина важи секогаш: мажите ги привлекува природниот мирис на партнерката, не парфемот. Хемија се гради благодарение на феромони, а не на ириси и рози. Некои експерти велат дека „природниот“ мирис значи како мирисате веднаш по туширање, пред било каков лосион или крема. Други веруваат дека дури и мирисот од пазува игра улога. Но, едно е сигурно – овој мирис не може да се „произведе“ во лабараторија. Затоа избирајте парфем кој вие го сакате, но избегнувајте премногу силни и агресивни ноти. Не сакате мажот да избега од состанокот со главоболка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

Топ 3 причини зошто мажот повеќе не сака интимност со вас

1. ИСЦРПЕНОСТ И ДЕПРЕСИЈА Дури и најбаналната исцрпеност може да биде причина за намален л…