Кога денот станува пократок, температурите паѓаат, а викендите изгледаат како создадени за ќебе, чај и книга, не е чудно што сакаме да забавиме. Есента носи со себе посебна потреба за удобна атмосфера, но кај некои луѓе промената на сезоната донесува и пад на енергијата, безволност и потреба за повлекување. Затоа, не е изненадување што книгите против депресија станаа интересен дел од есенската добробит рутина. И не, тие не се замена за стручна помош, туку мал ритуал што може да ни го подобри денот.
Што се книги против депресија?
Добрата книга не мора секогаш да биде мотивациона, ниту да не учи како да станеме најдобрата верзија од себе. Понекогаш е доволно да не насмее, да не воведе во некој друг свет или да не потсети дека животот може да биде убав и кога не е совршен. Токму такви книги сакаме да читаме кога ни треба малку повеќе топлина. Терминот книги против депресија не е никаква медицинска категорија, туку животен стил израз за книги на кои се враќаме кога сакаме нешто што ќе не утеши, забави, смири или едноставно ќе ни го одвлече вниманието од секојдневниот стрес. Тоа можат да бидат пријатни романи, духовити приказни, романси, книги за пријателство, но и наслови кои не потсетуваат дека не мораме сѐ во животот да решиме веднаш. Еве неколку од нашите фаворити.


Моќта на сегашниот момент – Екарт Тол
Моќта на сегашниот момент за кратко време стана призната како една од најголемите духовни книги напишани во последните години. Таа поседува моќ подлабока од зборовите и не води на многу помирно место зад нашите мисли, на место каде нашите проблеми исчезнуваат, а ние откриваме значење на остварување слободен живот. Преку целата книга наидуваме на одредени вежби и упатства кои ни покажуваат како да ја откриеме убавината, спокојот и леснотијата кои доаѓаат кога едноставно ќе ги смираме нашите мисли и ќе го гледаме светот пред нас во сегашниот момент.

Еден убав живот – Виржини Грималди
Што се случува кога по години молчење две сестри повторно се соочуваат – со минатото, со семејството и една со друга? Во овој трогателен роман, Виржини Грималди донесува топла и емотивна приказна за семејството, спомените и втората шанса за помирување. По пет години без контакт, Ема ја повикува својата помлада сестра Агата да поминат една недела во куќата на нивната баба Мима – место исполнето со спомени од детството. Куќата наскоро треба да биде продадена, а пред нив е последната прилика да се простат од просторот кој ја чувал нивната минатост.
Во текот на седум летни дена во живописниот пејзаж на Баскија, двете сестри се соочуваат со болни спомени, неизговорени зборови и рани кои ги носеле со години. Романот се одвива во две временски рамки, каде сегашноста се менува со настаните од нивното детство и младост, откривајќи како семејните односи ги обликувале нивните животи. Со многу топлина, суптилен хумор и длабоко разбирање на човечките емоции, Виржини Грималди создава приказна која зборува за сестринската љубов, простувањето и храброста да се започне одново.

Наука за среќа – Брус Худ
Сите ние сакаме да бидеме посреќни, но нашите умови често ни стојат на патот. Кога остануваме заробени во вртлогот на мисли, стануваме оптоварени со сопствените несовршености, постојано се споредуваме со другите и не успеваме да ги забележиме сите добри работи што веќе ги имаме во животот. Дозволуваме на сопствениот его да го преземе кормилото и да диктира како ќе се чувствуваме.
Меѓутоа, промената на подобро е и тоа како можна. Ослонувајќи се на децении истражувања, книгата Наука за среќа од професорот Брус Худ донесува нова, освежувачка перспектива за корените на личната благосостојба и пречките кои не спречуваат. Преку седум едноставни, но длабоко трансформативни лекции, Худ не води кон разбивање на негативните обрасци на размислување и ни покажува како да ги примениме научните сознанија – за да постигнеме потрајна, подлабока и поавтентична среќа секој ден.

Планината си ти – Бријана Вист
Книгата открива зошто често самите си стоиме на патот и како конечно да направиме внатрешен пресврт. Кога нашите желби и стравови се во конфликт, настануваат обрасци на однесување кои не држат заглавени…
Извор: Lepota i Zdravlje