Home Мода и убавина Кломпи: Од седумдесеттите до 2025 – нивното големо враќање е тука

Кломпи: Од седумдесеттите до 2025 – нивното големо враќање е тука

Кломпи: Од 70-тите до 2025 – нивното големо враќање е тука

Овие ретро сандали навистина ќе го привлечат вашето внимание…

Ако сте во потрага по обувки кои спојуваат носталгичен шарм со модерен стил, тогаш кломпите или „clog“ сандалите се токму она што му недостасува на вашиот летен гардеробер. Овие удобни и разновидни сандали не враќаат директно во гламурозните 70-ти години – период што денес повторно е инспирација во модниот свет и безвременски избор за летни изгледи.

За разлика од платформите што го обележаа модното минато во 90-тите, clog сандалите имаат порафиниран винтиџ карактер благодарение на нивниот дрвен ѓон, златните детали и комбинациите од кожа и велур. Изборот во продавниците е навистина богат – од модели со високи потпетици кои потсетуваат на ерата на диско топките, до пониски, дискретни варијанти совршени за лежерни летни прошетки.

А кога станува збор за стајлинг – можностите се речиси бесконечни! Овие лесни сандали совршено се комбинираат со класични сини фармерки и едноставен топ, бермуди, разнобојни здолништа или дури и вечерни комбинации. За вечера на тераса или излегување покрај брегот, дополнете ја целата комбинација со белен ленен фустан и златни аксесоари. Дали сакате автентичен ретро изглед? Gingham принтот е совршен избор за лежерни, носталгични летни стајлинзи.

Во свет во кој модата сè повеќе се стреми кон удобност без да се жртвува стилот, овие сандали дефинитивно заслужуваат внимание. Старите трендови знаат повторно да оживеат – но овојпат, во уште поубава и поактуелна форма.

Погледнете ја галеријата со фотографии и пронајдете ги вашите омилени модели за летово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…