Ако му веруваме на Институтот Пантон – а кога станува збор за естетика, речиси секогаш треба – 2026 година ќе биде обоена во нежност.
Но не било каква нежност: за првпат по речиси три децении, бојата на годината не е живописна, гласна или впечатлива, туку Cloud Dancer – мека, етарична, речиси проѕирно бела нијанса која повеќе личи на длабок здив чист воздух отколку на боја. Тоа е бела нијанса што не се натура, туку прочистува. Не раскажува со зборови, но остава траен впечаток.
Директорката на Институтот за бои Пантон, Летрис Ајзман, објаснува дека оваа нијанса е повик на враќање кон едноставноста, чистотата и смирено согледување на светот околу нас. Во време кога сè се движи брзо и бурно, Cloud Dancer пристигнува како потсетник дека елеганцијата е најсилна токму кога е најтивка.
Затоа, без разлика дали ја користите во шминка, маникир или во целокупниот стил, Cloud Dancer е вашиот пат до модерен, исклучително чист beauty изглед, како да сте се разбудиле во поблага верзија на реалноста.
Како да го вметнете Cloud Dancer во вашата шминка
Ако сте љубител на шминка што изгледа како луксузна нега – не премногу, не премалку, туку токму како што треба – оваа нијанса е создадена за вас. Мекиот, млечно-бел тон совршено ја рефлектира светлината, па може да се користи:
– како суптилен хајлајтер (на капаци, агли на очите или врвови на јаболчници),
– како база за очи кога сакате чист, светкав поглед,
– како транспарентна пудра со проѕирен финиш за ефект на филтрирана кожа.
Cloud Dancer во шминка носи онаа естетска „чистота на кожата“ што е хит на TikTok, но со повоздржан, поспокоен тон.