Кинезите направија ласерска пушка која ја гори човечката кожа од далечина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кина разви моќна ласерска пушка која може да ја уништи својата мета од речиси еден километар оддалеченост, тврдат истражувачите.

Судејќи според кинеските истражувачи, ласерската пушка ZKZM-500 може „инстантно да ја карбонизира“ човечката кожа и ткиво, да го запали лицето кое е мета и да предизвика „неиздржлива болка“ кај него, пишува South China Morning Post.

Научниците кои го развиле ова оружје, велат дека успеале „да ја спалат облеката за делче од секундата“, а наведуваат и дека, ако ткаенината е запалива, и целиот човек набрзо ќе биде во пламен.

Оружјето тежи три килограми, отприлика колку и еден калашников (АК-47), а има домет од 800 метри и може да се монтира на возило.

Извештајот го споредува оружјето со оружје од „Војна на ѕвездите“, го опишува како тивок и невидлив зрак на енергија доволно моќен да продре и низ стаклото од прозорците. Научниците кои го развиле ласерот тврдат дека е спремен за масовно производство, а секој примерок од ова оружје би бил произведен по цена од 100.000 јуани (околу 15.000 долари).

Оружјето наводно се полни со помош на литиумска батерија и може да испука повеќе од 1.000 зраци по полнење, кои траат не повеќе од две секунди секој.