Home Живот и здравје Кинеска диета – како да ослабете 5 кг за 7 дена?

Кинеска диета – како да ослабете 5 кг за 7 дена?

Кинескиот систем на слабеење популарен е ширум светот

Ако се соочувате со проблем од вишок килограми, зошто да не пробате кинеска диета и да намалите 5 килограми за 7 дена? Диетата потекнува од Кина, а брзо се проширила низ светот благодарение на својата ефикасност и разновидното мени. Овој режим на исхрана овозможува да се ослободите од непосакуваните килограми во рок од една недела, притоа чистејќи го организмот од токсини и нечистотии.

Карактеристики на кинеската исхрана

Кинескиот начин на исхрана поттикнува слабеење бидејќи го намалува дневниот калориски внес од околу 2.500 на само 800–1.000 калории. Освен тоа, во менито има доста течности: минерална вода, зелен чај и свежо цедени овошни сокови. Овие пијалаци го детоксицираат телото, а истовремено го снабдуваат со неопходни витамини и антиоксиданси.

Друга вредна особина на овој начин на исхрана е тоа што не се заснова на егзотични јадења, туку содржи намирници кои се лесно достапни. Во текот на седумте дена на диета, ќе внесувате свеж зеленчук и овошје, ориз, ’ржан леб и риба. Менито е составено според начелата на избалансирана исхрана.

Како да се подготвите за кинескиот режим на слабеење?

Подготовката трае пет дена. Секое утро за време на овие пет дена, потребно е пред појадок да испиете 400 мл зовриена изладена вода. Овој метод го подготвува цревниот систем, го забрзува метаболизмот и го регулира варењето.

Во текот на диетата, задолжително е да ги исклучите од исхраната засладените производи, брашнестите оброци, животинските масти, алкохолот и кафето. Исто така, треба значително да се намали внесот на сол и зачини. Храната на почетокот ќе ви изгледа бледа и без вкус, но до средината на неделата ќе се навикнете на новиот вкус.

Доколку сакате да го постигнете најдобриот можен резултат и да изгубите 5 килограми за 7 дена, се препорачува строго да се придржувате до предвидениот режим на исхрана.

Предности и недостатоци на кинеската исхрана

Најголемите предности на кинескиот начин на исхрана се неговата ефикасност и балансот што овозможуваат слабеење без да се наруши здравјето.

Сепак, постојат и значајни недостатоци: дневниот калориски внес е премногу низок, што значи дека оваа диета не смее да се практикува подолг временски период. Ако продолжите да ја спроведувате повеќе од предвиденото, може да почувствувате замор, намалена концентрација, па дури и промени во расположението. Затоа диетата се препорачува само еднаш на секои шест месеци.

Неопходно е да се напомене дека ваков тип на исхрана е соодветен само за луѓе без здравствени проблеми. Пред да промените нешто во секојдневната исхрана, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар. Само така ќе бидете сигурни дека ваквиот режим нема негативно да влијае врз вашето здравје.

Во продолжение прочитајте го седумдневното мени кое ќе ви помогне побрзо да го постигнете посакуваниот резултат…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…