
Цеца и Анастасија Ражнатовиќ се многу блиски
Светлана Цеца Ражнатовиќ и Анастасија Ражнатовиќ имаат многу близок однос, како да се најдобри другарки. Откако Таса се пресели во Севиља, тие две се постојано во контакт.
„Најмногу ми недостасува мама, ние сме многу блиски. Како најдобри другарки сме и сѐ што ми се случува, прво неа ѝ кажувам. Буквално сме постојано на видео повик,“ изјави Анастасија во една прилика. Таа тргна по стапките на својата мајка и се обиде во музичката кариера. Првото мислење што го побара беше од Цеца.
Цеца целосно ја поддржа ќерка си
„Кога мојата ќерка ме праша за оваа професија, ѝ кажав дека нема нешто поубаво, но растеше покрај жена која го работи овој занает. Тоа значи непреспиени ноќи и многу патувања, кои се преубави, но и премногу напорни.“
„Сосема поинаков ритам и биоритам. Таа растеше гледајќи го сето тоа. Во суштина, да се занимаваш со музика е најубавото нешто што може да ти се случи. А кога ќе успееш да имаш хитови низ кариерата и љубов од публиката, тоа е навистина најубавото нешто што можеш да го постигнеш,“ изјави Цеца за „Блиц“.