Ќерката ми не е среќна поради тоа!
Професионалните спортисти живеат живот полн со откажувања – нивните тренинзи, патувања и натпревари често не оставаат простор за оние мали, семејни моменти што најголемиот дел од луѓето ги земаат здраво за готово. Додека другите слават родендени, празници или семејни собири, тие најчесто се на терен, далеку од своите најблиски, борејќи се за нови победи.
Токму така и Новак Ѓоковиќ, иако пред сè посветен татко, понекогаш се наоѓа во ситуација роденденот на својата ќеркичка да го мине на терен – обидувајќи се да ги усогласи два света кои подеднакво ги сака, но кои тешко се комбинираат.
Новак се пласираше во своето 64-то четвртфинале на грен слем турнирите во кариерата, а по големата победа ѝ се обрати на медиумите. За место во полуфиналето ќе игра против домашниот тенисер Тејлор Фриц, против кого досега има играно десет натпревари и секогаш победувал.
Првото прашање што го доби се однесуваше на тоа што ќе го пропушти роденденот на својата ќерка Тара. Имено, тој токму на нејзиниот роденден, 2 септември, ќе го игра четвртфиналето:
„Таква е ситуацијата. Таа не е среќна поради тоа, но немојте да ме потсетувате. Ќе се обидам да победам тука и да ѝ ја посветам победата за роденденот. Се надевам дека ќе биде среќна со тоа. Така е оваа година,“ изјави тениската ѕвезда.
Новак не го крие блискиот однос што го има со ќерката Тара:
„Понајчувствителен сум на неа, се растопувам кога ќе ми каже нешто. А таа малечка е вистинска манипулаторка, ме врти околу малиот прст. Стефан е поинаков. Односот со него, машки, е посилен – го подготвувам да биде цврст, да знае да се носи со себеси и со идното негово семејство,“ кажа Ѓоковиќ.
Тара Ѓоковиќ на 2 септември ќе го прослави својот 8-ми роденден, додека нејзиниот брат Стефан наскоро полни 11 години.