Кератин за коса: сјај или опасност? Еве што навистина треба да знаеш
Сите сакаме мазна, сјајна и лесна за обликување коса, па токму затоа кератинскиот третман стана вистински хит во фризерските салони.
Иако резултатите навистина можат да бидат импресивни, важно е да ја знаеш и другата страна на приказната пред да закажеш термин. Еве што треба да имаш на ум:
1. Формалдехид и иритации
Некои кератински третмани содржат формалдехид – супстанца што може да предизвика иритации, алергиски реакции, па дури и проблеми со дишењето, особено ако просторијата не е добро проветрена. Затоа, секогаш провери го составот на производот и избери салон со добра вентилација. Доколку е можно, направи и мал тест на кожа пред самиот третман.
2. Долгорочно може да ја оштети косата
На прв поглед, косата изгледа здрава и со сјај, но честата употреба на кератин или третман на веќе оштетена коса може да предизвика ослабување на влакното. Пеглата се користи на температури повисоки од 200°C, што може да доведе до кршење, расцепени врвови и губење на природната еластичност на косата.
3. Промена на природната текстура на косата
Кератинот може да ја измени природната форма на косата. Кадриците може целосно да исчезнат или да се враќаат нерамномерно кога ефектот на третманот ќе се изгуби, што може да доведе до неуреден изглед.
4. Не е за чувствително скалп
Ако имаш чувствителна кожа на главата, дерматолошки проблеми или алергии, кератинскиот третман може да предизвика чешање, црвенило, па дури и благо опаѓање на косата.
Не грижете се – кератинот и понатаму може да ја направи косата сјајна, мазна и со луксузен изглед. Но, важно е да бидеш добро информирана и да избираш проверен салон. Ако не си сигурна дали е ова вистинскиот третман за тебе, постојат и поблаги алтернативи: витаминиски третмани во фризерски салон или hair botox, кои овозможуваат сличен ефект без ризик.