Една од најгламурозните двојки во Холивуд, Кејти Пери и Орландо Блум, ставија точка на својата деветгодишна врска, откако пет години живееја под ист покрив.
Веста за нивното разделување дојде токму пред венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчес, каде 48-годишниот актер се појави – како слободен маж. Блум официјално потврди дека повеќе не е во врска со познатата пејачка токму на овој свечен настан. „Тој беше душата на забавата и подготвен да го освои подиумот“, открил еден инсајдер. Друг пак додал дека не е исклучено вечерната забава да ја продолжил во друштво на Леонардо Ди Каприо.
Додека Орландо ужива во социјалниот живот, Кејти се наоѓа на светската турнеја „Лајфтајмс“ и не присуствуваше на свадбата. Причините за раскинувањето, според пишувањата на Дејли Мејл, делумно се поврзуваат со Блум, кој наводно бил незадоволен од Кејти по нејзиното вселенско патување. Наместо поддршка, актерот го нарекол нејзиниот потфат „бесмислен“, што длабоко ја повредило пејачката. Дополнително, Кејти сметала дека поканата за венчавката на Безос била наменета повеќе за неа отколку за него, а тоа што Орландо сепак решил да оди сам, го доживеала како уште еден знак на оддалечување.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна започна во 2016 година на афтепарти по доделувањето на „Златниот глобус“. По кратка пауза, парот ја обнови врската и се сврши на Денот на вљубените во 2019. Во август 2020 ја добија ќерката Дејзи Дав, која сега има четири години и која неодамна за првпат ја покажаа во јавност.
И додека светот и понатаму шпекулира, Кејти и Орландо покажуваат дека дури и холивудските љубовни бајки понекогаш минуваат низ „ѕвездени турбуленции“. Таа го освојува вселенскиот простор, тој го освојува танцовиот подиум – секој на свој начин покажува дека животот по разделбата може да биде исто толку гламурозен. А Дејзи Дав? Малата принцеза сега може да избере меѓу ѕвездите и танцот, додека мајка ѝ и татко ѝ, секој од своја перспектива, ѝ покажуваат дека љубовта може да се трансформира, но не и да исчезне.