Home Вебкафе Камуфлирана до невидливост, а може да убие човек – оваа е најотровната риба на светот

Камуфлирана до невидливост, а може да убие човек – оваа е најотровната риба на светот

Кога ќе се спомне категоријата „најопасни животни на светот“, ретко на кого му паѓа на ум дека во тој попис, освен ајкула, може да се вброи и некоја друга риба. Но, тоа со факти го побива таканаречената „камена риба“.

„Камената риба“ (Synanceia) е најтоксичната позната риба на светот и најчесто ја има во Индо-Пацификот. Се крие во гребени и може да остане целосно неподвижна со часови, а нејзиниот плен го напаѓа кога доволно ќе се приближи.

Контактот со неа е многу опасен затоа што може да се случи да се згази на неа и на грбот има отровни боцки што се активираат при напад. Поради својата одлична способност за маскирање, пливачите ретко ја забележуваат пред да ја згазат, а убодот од нејзините боцки е многу болен и потенцијално смртоносен бидејќи количината на отров што го ослободува е пропорционална со притисокот што се извршува врз неа. Колку е потешко нагазена, толку повеќе отров ќе ослободи.

Единствениот лек е што поскоро да се дојде до противотров, што е дури втор најбаран во Австралија. Од оваа риба нема спас ниту надвор од водата , зашто може да се нагази и на плажа бидејќи може да преживее и до 24 часа надвор од водата.

Меѓутоа, освен големата болка, убодот се манифестира о со други многу непријатни симптоми, како што се болки во стомакот, гадење, повраќање, несвестица, парализа и на крајот срцев удар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…