Home Мода и убавина Камилица за убавина: Направете смирувачки тоник за лице во домашни услови

Камилица за убавина: Направете смирувачки тоник за лице во домашни услови

Позната по своите смирувачки својства, камилицата е вистински сојузник кога станува збор за нежна нега на чувствителна и иритирана кожа.

Овој природен тоник, лесен за подготовка, помага при балансирање на pH-вредноста на кожата и го намалува воспалението, додека истовремено нежно го освежува тенот и ги отстранува последните траги од нечистотии.

Зошто баш камилица?

Камилицата уште од одамна е позната како природен лек за црвенило, иритации и чувствителност на кожата. Блага, но моќна, таа делува антиинфламаторно, хидрира и ја смирува кожата на лицето, а нејзиниот нежен мирис дава дополнително чувство на релаксација и свежина. Идеална е за летни денови кога кожата има потреба од нешто лесно, освежувачко и целосно природно.

Што ви е потребно за овој домашен еликсир на убавината

1 шишенце со прскалка

1 шолја дестилирана вода

1 кесичка чај од камилица или 1 лажица суви цветови од камилица

Како се подготвува

Во шолја врела дестилирана вода потопете ја кесичката чај или ставете една лажица суви цветови од камилица. Оставете да отстои околу 10 минути. Потоа извадете ја кесичката или процедете го чајот ако користевте цветови и оставете течноста целосно да се излади. Истурете го тоникот во чисто шишенце со прскалка.

Како да го користите тоникот со камилица

По чистење на лицето, нанесете го тоникот со помош на тампонче или испрскајте директно на кожата. Оставете да се исуши природно, па продолжете со останатите чекори од вашата рутина за нега – серум, хидратантен крем, масло… Сѐ ќе одговара совршено по овој освежувачки чекор.

Мал совет

Чувајте го тоникот во фрижидер – не само што ќе трае подолго, туку ладниот спреј ќе ви овозможи дополнително чувство на освежување, особено за време на жешките летни денови.

Зошто да користите дестилирана вода?

Дестилираната вода не содржи нечистотии, минерали ниту хемикалии кои можат да ја иритираат кожата, па затоа е совршен избор за подготовка на природна козметика во домашни услови. Нејзиното неутрално pH својство помага кожата да остане балансирана – ниту премногу сува, ниту мрсна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…