Home Актуелно Камчев нема да бара од Кичеец да му врати 1,5 милион евра – ќе бара обештетување од осудените во „Рекет“

Камчев нема да бара од Кичеец да му врати 1,5 милион евра – ќе бара обештетување од осудените во „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец да му ги врати фамозните 1,5 милион евра од случајот „Рекет“. За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд, јави Телма.

Телевизијата јавува дека тужбата не е повлечена и дека Камчев сѐ уште бара обештетување заради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото СЈО.

Кои се причините за тужба против двете обвинителства, од кои СЈО е згаснато, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува да почне судењето.

Камчев ја поднел тужбата есента, откако станаа правосилни пресудите во случајот „Рекет” на Јовановски од девет години затвор, на Катица од 7 и на Милески од 3 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…