Home Шоубизнис Калифа се извини што му оддаде почест и остави џоинт и цвеќе на гробот од Пабло Ескобар

Калифа се извини што му оддаде почест и остави џоинт и цвеќе на гробот од Пабло Ескобар

Американскиот рапер, текстописец и актер, Камерон Џибрил Томаз, познат под уметничкото име Виз Калифа, ги изнервира и налути Колумбијците откако остави цвеќе и џоинт на гробот од култниот колумбиски наркобос, Пабло Ескобар.

Американскиот рапер играше во престава во Медељин пред да го посети местото каде што е погребан Ескобар.

Фотографијата на која се гледа раперот покрај куп цвеќе на надгробниот споменик објавена на Инстаграм. Градоначалникот на Медељин, Федерико Гутиерез, изјави дека Калифа треба да им се извини за „заговарање злостор“, и дека би треабло да ги обиколи и гробовите од оние кои беа убиени од Ескобар.

„Тоа покажува дека тој тип никогаш не морал да плати за насилството кое го предизвикале овие трговци со дрога“, додаде Гутиерез, нарекувајќи го подлец, пренесува ВВС.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …