Какво влијание има љубовта врз нашето тело
Сите знаеме дека љубовта нè прави да се чувствуваме убаво, но дали сте знаеле дека зад тоа се крие вистинска наука?
Одлучивме денес да ви го разубавиме денот со неколку интересни факти за љубовта, односно за тоа како таа влијае врз целото тело и нашето здравје.
1. Љубовта е природен лек против болки
Љубовта ни носи чувство на задоволство и опуштеност. Но, истражувањата покажуваат дека кога се ослободува окситоцин (хормонот на љубовта) за време на прегратка која трае од 10 до 20 секунди, може значително да ги намали болките – особено главоболките.
Дополнително, гледањето фотографија на саканата личност може да ја намали болката. Нашиот мозок го доживува ликот на саканите како позитивен облик на одвлекување внимание, што резултира со сличен ефект како кога би земале лек против болка.
Од друга страна, докажано е дека сексуалната стимулација, особено оргазмот, значително го намалува чувството на болка, особено кај хронични болки во грбот, симптоми на артритис и грчеви.
2. Љубовта се грижи за нашето срце
Истражувања покажуваат дека изразувањето љубов може да го намали забрзаното чукање на срцето на половина. Влијанието е особено силно во стресни ситуации и на долг рок го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Окситоцинот, познат и како хормон на љубовта, намалува стрес, го намалува крвниот притисок, ја намалува социјалната и општата анксиозност, ја зголемува самодовербата и помага во справување со депресијата.
3. Љубовта го зајакнува имунитетот и помага во борба со болести
Жестовите на љубов – од држење за рака до сексуална активност – ја поттикнуваат продукцијата на ендорфини, кои го јакнат имунолошкиот систем. Луѓето кои се чувствуваат сакани полесно се борат со болести и имаат подобра одзивност на терапија.
4. Љубовта помага при несоница
Хормоните на љубовта – окситоцин и ендорфини – го блокираат лачењето на кортизол, хормонот на стресот, што директно води до подобар квалитет на спиење. Ова е потврдено и со научни истражувања.
Љубовта, покрај тоа што ја лечи несоницата, има позитивен ефект и врз зависности. Се покажало дека лицата кои се чувствуваат сакани поретко влегуваат во зависности. А оние што веќе се борат со тоа, полесно ги надминуваат симптомите и имаат послаб порив за алкохол или други супстанции.
5. Љубовта ја продолжува долговечноста
Истражувања покажуваат дека луѓето кои се во сериозни врски, особено брачните партнери, се чувствуваат поздраво и прават подобри животни избори. Љубовната врска го засилува имунолошкиот систем и го поттикнува телото подобро да се справи со надворешните влијанија.
Истовремено, луѓето кои се во љубов и кои се во врска имаат тенденција да живеат подолго.
6. Љубовта како терапија
Луѓето одат на различни терапии поради разни причини, но често е доволна само потребата да се биде слушнат и разбран. Иако постојат професионалци кои нудат стручна поддршка, најдобрата “терапија” честопати доаѓа од лицето кое најмногу нè сака.
Поддршката од саканите е моќен лек. Таа може да помогне во надминување на тешкотии како што се фобии, депресија или социјална анксиозност.
Значајните врски не ни се случуваат без причина. Изборот да сакаме, да работиме на нашите односи, да се менуваме и, на крај, да се чувствуваме среќно и здраво – е наша лична одлука.