Home Мода и убавина Какви проблеми може да предизвика маслиновото масло на кожата

Какви проблеми може да предизвика маслиновото масло на кожата

Досега научивме многу за придобивките од маслиновото масло

Маслиновото масло е помасно во споредба со други растителни масла, и има многу придобивки од негова употреба на кожата. Помага при лекување на сува кожа, а може да биде и едно од најдобрите решенија за испукани пети и усни.

Но, дали знаете кои се можните ризици од маслиновото масло?

Всушност, секоја добра работа има и своја друга страна. Маслиновото масло не е исклучок од тоа правило. Постојат одредени несакани ефекти кои треба да се земат предвид. Маслото што го купуваме често содржи и некои хемикалии за кои не знаеме како ќе влијаат на нашата кожа. Ако сте алергични на маслиново масло, може да се појави иритација или осип.

Не може да се негира користа што ја има ова масло врз здравјето, но важно е да сте свесни и за неговите можни последици. Доколку знаете какви опасности може да предизвика, ќе можете да преземете соодветни мерки и правилно да го користите.

1. Појава на акни

Ова е еден од најчестите проблеми од употребата на маслиновото масло. Тоа тешко се впива во кожата, па создава слој на неа. Кога се нанесува на лицето, може да задржи прашина и нечистотии, што доведува до запушување на порите и појава на акни и мозолчиња.

2. Осип на кожа

Ако имате мрсна кожа, подобро е да избегнувате користење на маслиново масло. Мрсната кожа резултира од прекумерно лачење на себум. Кога тоа ќе се комбинира со маслото, може да доведе до појава на осип, црвенило и чешање на лицето.

3. Алергиска реакција

Доколку сте алергични на маслиново масло, неопходно е да се воздржите од негова употреба. Во спротивно, може дополнително да ја иритира вашата кожа. Ако сте забележале алергиски симптоми, обратете се кај доктор за совет и третман.

4. Бебиња и маслиново масло

Не се препорачува маслиново масло за кожа на новороденчиња. Сè уште не е сигурно дали вашето бебе може да биде алергично на ова масло. Затоа е подобро да не ризикувате и да избегнувате масажа со него кај бебиња.

5. Појава на митисери

Масната структура на маслиновото масло може да доведе до стварање на митисери. Маслото може да ја зароби нечистотијата и мртвата кожа во порите, што доведува до затнување и појава на црни точки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…