Home Живот и здравје Како во очите на мажот изгледа СОВРШЕНАТА ЖЕНА

Како во очите на мажот изгледа СОВРШЕНАТА ЖЕНА

Колку и жените да се убедуваат дека тие се посложени битија од момците, тоа во реалноста и не е баш така. Многумина припадници на посилниот пол, имаат однапред зацртани критериуми кои нивната совршена жена треба да ги исполни.

А еве и кои се нивните барања, кога е совршената жена во прашање:

Самодоверба

Момците ги сакаат жените кои имаат свој став и свое мислење. Колку и да ви се чини дека мажот сака потполна доминација во врската, нема ништо подосадно од жена која се согласува со се и ги гази сопствените зборови. Освен тоа, не дозволувајте себеси да се жалите за својот изглед во присуство на мажот. Нема ништо подобро од жена која одлично се чувствува во својата кожа и отворено тоа го покажува.

Смисла за хумор

Ова е дефинитивно една од пресудните карактеристики на совршената жена. Заедничката смисла за хумор ја оддржува врската здрава и во некои не толку позитивни ситуации дава зрак светлост.

Почитување на приватноста

Одолејте да желбата да му го проверите телефонот и немојте да го спречувате да се дружи со пријателите и без вас. Дозволете си себеси и нему самостојно време во кое ќе правите нешто што не правите кога сте заедно.

Таинственост и непредвидливост

Не му допуштајте никому да ве чита како отворена книга. Изненадете го драгиот со нешто што никогаш не би го очекувал, покажете му некои вештини кои ги поседувате, а кои претходно не сте му ги откриле и никогаш никому немојте да ги кажувате вашите тајни.

Цврст карактер

Немојте да се преправате дека сте нешто што не сте. Покажете го своето вистинско лице и карактер и бидете верни самите на себеси.

Насмевка

Вашата насмевка може да го поправи расположението на вашиот партнер. Смејте се почесто, искрено и со љубов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …