КАКО СЕ СЛАВИ БОЖИЌ ВО РАЗЛИЧНИ ЗЕМЈИ ОД СВЕТОТ
Божиќ не значи само црвена капа и елка украсена со светкави светилки – туку вистински празник на традиција, обичаи и магија, кој се прославува на различен начин во секој дел од светот.
Додека во некои земји улиците блескаат од луксузни декорации и мирисаат на варено вино, во други Божиќ е тивок семеен момент исполнет со ритуали што се пренесуваат од генерација на генерација. Од снежните алпски села на Скандинавија до топлите песочни плажи во Австралија – секоја култура додава своја магична нота на празничната атмосфера. Подгответе се за патување низ обичаите, вкусовите и боите на Божиќ, кои ќе ве инспирираат да го доживеете празникот од сосема нов агол.
АВСТРИЈА
Според една многу стара австриска легенда, Свети Никола има злобен непријател – Крампус, кој го спречува добриот волшебник да им носи подароци на децата. Се верува дека Крампус ги носи непослушните деца во својата пештера. Затоа, создадена е традицијата: за време на празниците, австриските деца често се облекуваат како Крампус за да не ги забележи. Па така, ако на Бадник здогледате страшни суштества како шетаат по улиците во Виена – не плашете се!
ИТАЛИЈА
Италијаните сакаат да го поминуваат Божиќ во кругот на семејството. Најпрво, се грижат да ја исчистат куќата темелно, што според традицијата треба да биде проследено со свечени песни. Уште од пред Божиќ, речиси еден месец порано, целиот амбиент во италијанските градови е обоен во црвено. Италијаните ја обожаваат веселата атмосфера и Божиќ е совршен изговор за украсување на сите јавни и приватни простори. Исто така, таму постои едно интересно верување: ако на Бадник сретнете полицаец со црвени чорапи – цела година ќе ве следи среќа. А на италијанските деца подароците не им ги носи Дедо Мраз, туку старата вештерка Бефана. Таа им дава сѐ што посакале – но само на добрите момчиња и девојчиња.
НОРВЕШКА
Во Норвешка луѓето веруваат дека шумските тролови слегуваат на земјата пред Божиќ со зла намера – да ги преземат душите на мештаните. А како се заштитуваат од нив? Многу едноставно – без метли. Таму постои верување дека присуството на метли ги привлекува троловите. Затоа, пред празниците, во норвешките домови неможе да се најде ниту една метла.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Покрај познатите украси и новогодишната елка, Британците имаат уште една необична божиќна традиција. Многумина сметаат дека е нивна должност за празниците да влезат во ледена вода – обично езеро или море. Се верува дека еден Божиќ, наместо да носи подароци, Дедо Мраз скокнал во езеро. Од тогаш – верен обичај е да се прати неговиот пример.
МЕКСИКО
Иако Мексико е земја каде владее сонцето преку цела година, Божиќ нема да го прескокнат. Ќе се изненадите, но главното традиционално јадење не се такоси или месо – туку ротквица. Секоја година на 23 декември, жителите се собираат на централните плоштади за да го прослават фестивалот на ротквицата и да ја дочекаат Новата година. Секој може да земе учество – потребно е само да се изработи фигура или лик од познат цртан филм во ротквица. Победникот што ќе го избере жирито, ќе се најде на првата страница на најчитаните весници.