Home Мода и убавина Како ракавиците на Шанел со мини лого на прстите станаа хит преку ноќ

Како ракавиците на Шанел со мини лого на прстите станаа хит преку ноќ

КАКО СТАНАА ИТ ПАРЧЕ ПРЕКУ НОЌ RУКАВИЦИТЕ НА ШАНЕЛ СО МИНИ ЛОГО НА ПРСТИТЕ

Шанел повторно е насекаде – не само на модните писти, туку и на улиците и во Инстаграм фидовите.

Чантите, балетанките, твид јакните и ситните модни детали сега се дел од секојдневниот стил – лежерен, но темелно осмислен.

Најновата опсесија? Кожни ракавици со мини логото на Chanel на секој прст. Реакцијата? Апсолутна еуфорија. Само 24 часа по нивното лансирање, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од овие ракавици, а веќе се најдоа на празничните wish-листи.

Под креативното водство на Матео Блази, Шанел повторно зрачи со женственост, елеганција и софистицираност – сето тоа преточено во облека што може секојдневно да се носи и изгледа кул. Стилот на модната куќа, со тој ретро шмек, повторно е актуелен, со девојки низ целиот свет кои комбинираат винтиџ и нови парчиња – од класични твид јакни, до иконични коктел фустани. Балетанките и новата Chanel 25 чанта веќе станаа култни парчиња, а ракавиците се совршениот додаток на истите.

Изработени од фина јагнешка кожа – мека, долготрајна и со врвен квалитет – ракавиците го следат минималистичкиот дизајн со мини лого на врвовите на прстите во бела или розева нијанса. Дискретни, а сепак впечатливи. Класичната црна боја ги прави лесни за комбинирање со капути, сакоа, puffer јакни или едноставни зимски стајлинзи – вистинско „must-have“ парче за сезонава.

Што ги прави посебни? Препознатливи се по стилот на Chanel, но не пренагласени; практични се, но и неверојатно шик. И најдобро од сè – не се тренд што бргу ќе исчезне. Овие ракавици ќе бидат моден фаворит и по десет години.

Ако бараш аксесоар што го подига целиот изглед и дава моментален „wow“ ефект – овие ракавици се токму тоа што ти требаат, и ќе ги посакаш веднаш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Како модните трендови влијаат на вашето здравје

КАКО МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ МОЖЕ ДА ВЛИЈААТ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Модата не е само прашање на стил –…