Home Љубов и секс Како да полуди по тебе уште на првиот состанок

Како да полуди по тебе уште на првиот состанок

СМИРЕТЕ СЕ, САМО СПОКОЈНО

Најверојатно сте возбудени пред првиот состанок. Но, немојте да дозволите тоа да ја расипе вечерта: избегнувајте расправии и не брзајте со работите. Не треба да изгледате како да ви е ова последна шанса – тоа само ќе го исплаши господинот. На крајот, тој сака да ја добие вашата наклонетост, а не обратно. Значи, најбезбедните тактики се лежерен шарм, беспрекорна учтивост и добра волја.

ПОЧИТУВАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ И НЕГО

Бидете точни. Доаѓањето со задоцнување некогаш беше „дел од ритуалот“, но денес времето е скапо – и немате простор за вакви грешки. Британците велат: „Мобилен на маса е плуканица во лице на соговорникот“. Ставете го телефонот во чантата.

ЗНАЈТЕ ЈА СВОЈАТА ВРЕДНОСТ

Не ви ги отворија вратите на ресторанот, не ви го земаа капутот и не ви подадоа рака додека се симнувавте по скали? Изгледа дека не е само прв – туку и последен состанок!

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ МАЛКУ ПОЕЛЕГАНТНО ОД ОЧЕКУВАНОТО

Не станува збор за длабоко деколте или мини здолништа. Замислете како елегантно се движите низ ресторанот во впечатлива тоалета и сите погледи се свртени кон вас. Тој дефинитивно ќе биде импресиониран од ваквиот ефектен изглед.

ИЗГРАДЕТЕ ЈАСЕН ДИЈАЛОГ

Дојдовте за да ја запознаете личноста и евентуално да видите дали имате иднина, не за да зборувате само вие или да не слушате. Не го притискајте со вашите проблеми и тешки приказни (а најмалку со деталите зошто вашиот поранешен бил идиот) – не е време за тоа. Бидете внимателни и добар соговорник: не го прекинувајте, но внесете се во разговорот кога е соодветно. Добредојдени се шеги и духовитост – секој сака позитивна личност со чувство за хумор.

КОМПЛИМЕНТ

Што мислите, само жените сакаат пофалби? И мажите сакаат внимание и восхит. Не ви е тешко да забележите дека џемперот му стои одлично – кажете му.

ПАЗЕТЕ ОД НЕПРИЈАТНИ ТИШИНИ

Тишината на состанок може да биде знак за опасност. Обично, кога две личности си се симпатични, разговорот оди природно и не можат да престанат со зборување. Но, можно е и дека господинот е едноставно фасциниран, но притоа збунет, срамежлив или изгубен. Во таков случај, му помогнете со малку хумор или интересна приказна за да ја надминете тишината. Ќе ви биде благодарен.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВО ОЧИ

На прв состанок многумина се срамежливи и го тргаат погледот. Не судете прерано. Според психолозите, десет секунди гледање „очи во очи“ се доволни за да се разбудат емоции.

ЗАВРШЕТЕ ГО СОСТАНОКОТ НА ПРАВ НАЧИН

Крајот на состанокот е клучен – ќе покаже дали ќе ве побара утредента и во какво расположение ќе чекате следна средба. Бидете исклучително љубезни и пријатни. Насмевнете се, заблагодарете за вечерата и кажете дека ви било убаво, дури и ако имало некои сомнителни моменти. Завршете со лесна прегратка и нежен бакнеж во образ – дури и ако сте силно привлечени кон него. Со тоа не само што ќе ја задржите мистеријата, туку и ќе го засилите интересот. Повеќето мажи, сепак, се традиционални – и девојка која веднаш оди подалеку, често не им делува сериозно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…